Норвешкиот воен филм „Number 24“, кој добил рејтинг од 100 проценти на популарната страница Rotten Tomatoes, сега е достапен на Netflix.
Имено, гледачите го опишуваат филмот како извонредно достигнување и еден од најдобрите во својот жанр, донесувајќи напната приказна сместена за време на Втората светска војна.
Заплетот на филмот го следи младиот Норвежанец Гунар Сонстеби, кој се приклучува на движењето на отпорот за време на војната. Тој учествува во саботажи и обиди за атентат, борејќи се против нацистичката окупација. Приказната е раскажана преку сеќавањата на постариот Сонстеби, кој години по војната ги пренесува своите искуства на помладите генерации.
Публиката особено ја пофалила енергијата и тензијата на филмот, нагласувајќи ја автентичноста на прикажувањето на настаните и емоционалната длабочина на приказната.
„Филмот е полн со неизвесност на најдобар можен начин“, „Вреди да се погледне! Ме тера да одам и да научам повеќе за оваа неверојатна личност“, „Неверојатно, покажува што всушност значи војната и колку е мрачна“, „Еден од најдобрите“, се само некои од коментарите на Rotten Tomatoes.
Главната улога на младиот Гунар ја игра Сјур Ватне Бреан, додека режисерот на филмот Џон Андреас Андерсен објаснил што го привлекло кон оваа приказна: „Го следевме животот на младиот Гунар за време на војната, од обичен помошник ревизор до најбараниот човек во Норвешка. Секоја вечер спиеше на различни локации со рачна граната под перницата. Токму Гунар одржа изведба од која ни доаѓаа морници за време на снимањето“.
Фото: Принтскрин/YouTube
ekran платформа за слободоумни