Секогаш е подобра опција да имате при рака домашни грицки, наместо да јадете готови од продавница кои можеби се полни со адитиви
Домашните крекери со сирење се вкусна закуска која можете да ја подготвите наместо пуканки пред да ја гледате омилената серија или филм. Лесни се за подготовка и не ви требаат многу состојки, а во една тура можете да направите доволно крекери!
Состојки:
225 гр рендано чедар сирење (или друго жолто сирење)
4 лажици несолен путер
1 лажичка сол
125 гр брашно
2 лажици ледена вода
Подготовка: загрејте ја рерната на 180˚C. Користејќи рачен миксер или друг вид од оваа алатка, измешајте ги сирењето, путерот и солта во голем сад.
Кога ќе се соединаат, вмешајте го брашното и додадете ледена вода една по една лажица. Тестото треба да се држи заедно, но да се распадне ако го скршите во раката. Ако ви изгледа премногу суво, додадете уште малку ледена вода. Поделете го тестото на две половини и спакувајте ги заедно на дискови. Завиткајте во хартија за печење и ставете го во фрижидер 30 минути. Расукајте го тестото на ½ см, стискајќи ги пукнатините на краевите. Исечете квадрати со димензии 2,5 на 2,5 см и пробијте дупка во центарот на секој квадрат „за вентилација“ за време на печењето. Одвоените крекери ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете 13 минути или додека не добијат малку црвена боја.
Фото: Принтскрин/Jutjub/Tasty