(ВИДЕО) Џорџ Јанг автор на хитот „Love Is in the Air“ починал во 71. година


Јанг бил брат на основачите на „ЕјСи/ДиСи“, Ангус и Малколм Јанг. Се прославил во 60. ттите години како член на бендот „The Easybeats“ во Сиднеј. Бил најдобар во работата зад сцена…
Австралискиот музичар и ментор на групата „ЕјСи/ДиСи“, автор на хитот „Love Is in the Air“ починал во 71. година, објавила австралиската мрежа Rundfunk ABC.


„Со болка во срцата објавуваме дека умре нашиот сакан брат и ментор Џорџ Јанг“ напишал хард рок составот на својата страница на интернет.
„Без негова помош и водство не би го било ’ЕјСи/ДиСи’“ додале тие.
Причината за смртта не била објавена, по желба на семејството.


Јанг бил брат на основачите на „ЕјСи/ДиСи“, Ангус и Малколм Јанг. Се прославил во 60. ттите години како член на бендот „The Easybeats“ во Сиднеј. Бил најдобар во работата зад сцената помогнувајќи во создавањето на една од најголемите рок групи во светот.
Некои од неговите класици се „Love Is in the Air“, светскиот хит од 1977. година, како и „Friday On My Mind“ кој го создал со долгогодишниот соработник Хари Ванд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бен Афлек открива дека неговите деца имаат класични тинејџерски работи: „Постарото дете работи во продавница“

Бен Афлек ги споделува своите размислувања за одбивањето да купи патики од 6.000 долари на …