(ВИДЕО) Џокерот на Антониа остана САМ!

„Сам, ме срони до грам. На стори нов блам, до зори во стан“ – овие се првите зборови од најновата песна на македонскиот Џокер, која носи наслов „Сам“.
По одличната „Такси“, Џокер овојпат повторно „удира“ со уште една контроверзна песна која веќе на големо се коментира на социјалните мрежи…

This image has an empty alt attribute; its file name is dzoker-na-antonia.jpg
Автор на музиката е Џокер во соработка со Чеис, кој го напиша и текстот. Микс и мастеринг направи добро познатиот Ивајо, а режисер на видеото е младиот и одличен Дарко Јовановски.
„Песната е одлична, мене многу ми се допаѓа. Позитивни критики добив и од најблиските луѓе околу мене, а гледам дека и на останатите им се допаѓа. За разлика од претходната песна „Такси“, ова е нешто сосема друго и поразлично од мене“ – накусо изјави Џокер.


This image has an empty alt attribute; its file name is dzoker-na-antonia-2.jpg
Инаку како што повеќето знаете, Џокер всушност е Роберт Спасенцовски, сопругот на музичката ѕвезда Антониа Гиговска.
Да не должиме многу, погледнете, слушнете, а доколку ви се допаѓа тогаш и споделете:


Фото: Приватна архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Театарската претстава „Среќен мртовец“ утревечер во Дом на АРМ

На 2 декември 2023 година (сабота) во Домот на АРМ, со почеток во 20:00 часот, …