Можеби звучи неверојатно или како дејствие на некој холивудски филм но истражувачите во подморницата „Блу планет 2“ навистина искусиле како е да бидеш окружен со многу џиновски ајкули, кои не биле ниту малку среќни што ги гледаат.
На длабочина од 750. метри истражувачката подморница следела леш од кит кој некое време плутал по површината на Атлантскиот океан.
Кога дошле до местото каде што лешот потонал затекнале голем број џиновски ајкули Hexanchus griseus кои можат да пораснат и до осум метри во должина.
Поради големата конкуренција станале поагресивни, напаѓајќи се меѓусебно, а не биле ниту претерано среќни ниту поради фактот дека тука се истражувачите во подморницата.
На научниците не им било сеедно, но ајкулите наскоро сфатиле дека подморницата не им претставува конкуренција па и се вратиле на гозбата.

(ВИДЕО) Џиновски ајкули нападнале подморница: Истражувачите „се заледиле“кога виделе колку ги има!
Страни: 1 2
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.