Џенифер Анистон ретко пружала поглед на својот дом…
Џенифер Анистон на следбениците на Инстаграм им ја отворила вратата на својот луксузен дом во Бел Ер, населба во Беверли Хилс каде живеат претежно познати личности.
Во видеото, ѕвездата на „Пријатели“ ужива во удобноста на својот дом додека на кучињата им ја чита својата нова книга за деца.
Во кадарот, Анистон носи црн фустан со средна должина, кој го комбинира со авијатичарски очила за сонце додека седи на столче пред големиот телевизор во дневната соба.
View this post on Instagram
Додека камерата се движи низ собите, во просторија со потемни тонови, веднаш до дневната соба, има пространа кујна во чиј простор е дел и за вино, а има и голем камин.
Актерката ја купила куќата, која станала нејзин дом, за 12 милиони долари додека била во брак со нејзиниот, сега веќе поранешен, сопруг Џастин Теру во август 2015 година.
Некои од карактеристиките на куќата вклучуваат базен, отворена дневна соба и кокошарник.
Фото: Принтскрин/Instagram