Секој барем еднаш се уверил дека купувањето облека преку Интернет може да биде грешка бидејќи на домашна адреса стигнува нешто што не личи на производот од фотографијата на страницата.
Истото и се случило на една девојка, позната само како Чави. Таа одлучила да нарача краток, тесен, розов фустан од латекс, но она што пристигнало не било ништо слично на прикажаното.
Наместо тесен фустан, таа добила, како што опишува, преширока кеса за ѓубре и нема трик со кој барем малку ќе го поправи овој предмет за облекување. Таа се објавила на Tiktok и видеото станало вирално, а многумина во коментарите напишале дека имаат исто искуство со оваа страница – од сосема погрешни производи, воопшто ниту слични на оние на Интернет, до бубачки и нечистотија – сето тоа доаѓало во пакетите.
@havianaaaaaa__#greenscreen @prettylittlething i hated this so bad for me ☹️ #PrimeDayShowPJParty #28XTREMES #prettylittlething♬ original sound – Kneely_Knight
Фото: Принтскрин/ТикТок