(ВИДЕО) Дали заборавивме колку отменоста е привлечна?

На Твитер се појави видео на кое се гледа како млада девојка оди по улица и сите очи се вперени во неа.
„Скромна облека, но секој човек ја гледа. Заборавивме колку е привлечна отменоста?“, стои во описот на видеото.
Девојката носела тесен црн фустан, црни салонки, беж чанта и шешир која не се гледа често на улиците, а комплетното издание неодоливо потсетува на Моника Белучи во филмот „Малена“.
Многумина во коментарите коментирале дека луѓето не ја гледаат затоа што е „отмено“ облечена, туку затоа што девојката е едноставно убава.


„Луѓето гледаат затоа што жената е убава, а не затоа што едноставно се облекува. Облечете грда жена во иста облека и таа ќе стане невидлива како Сузан Сторм“.
Некои се согласиле дека девојката привлекува толку големо внимание затоа што некој стои зад нејзиното снимање, што може да ги натера минувачите да мислат дека е славна личност.
„Исто така, големиот шешир кој крие привлечно женско лице ги тера луѓето да мислат дека таа можеби е славна личност. Сум го видел тоа милион пати“, напишал еден твитерџија.
„Во високи потпетици, на калдрма каде буквално сите останати носат рамни чевли. Да не ја заборавиме личноста која ја следи со камера, снима“, додал друг.
„Ова не е скромно. Станува збор за тесен фустан, со ниско деколте. И таа оди на многу впечатлив начин, очигледно е убава во лицето и облечена ‘поинаку’ од луѓето околу неа“, заклучила трета.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета

Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета Таткото на Свети Јован Предвесник. Син Варахиин, од родот …