Госијаме Тамара Ситоле (37) од Јужна Африка тврди дека родила десет деца, што е светски рекорд, ако лекарите потврдат дека тоа е вистина.
Африканката, која веќе има 6-годишни близнаци, наводно, со царски рез, родила седум момчиња и три девојчиња во болница во Преторија.
Нејзиниот сопруг Тебого Цотеци, кој во моментов е невработен, им изјавил на новинарите дека е „среќен и емотивен“ поради новата ситуација.
Gosiame Thamara Sithole gave birth to 10 babies (she & her doctors thought she was expecting 6… then 8…).
The 37-year-old is now the mother of 12 (the decuplets join their 6-year old twin siblings)
She is now in the Guinness World Book of Records.
🤰🏾https://t.co/N7PKXQUDUJ
— Ottilia Anna MaSibanda (@MaS1banda) June 8, 2021
Госијаме истакнала дека ова е природна бременост, иако ваквите бремености се скоро секогаш резултат на вештачко оплодување, кога повеќе оплодени ембриони се ставаат во матката со цел да се зголемат шансите пациентката да забремени.
Оваа вест доаѓа само еден месец откако Халима Кисе од Мали роди девет деца во болница во Мароко, но таа останала бремена со вештачко оплодување.
Веста беше објавена во локалниот весник „Pretoria News“, а сите светски медиуми го објавија овој интересен факт, иако никој од нив не успеа да стапи во контакт со докторот или породилиштето.
„Имаме седум момчиња и три девојчиња. Беше бремена седум месеци и седум дена. Среќен сум и полн со емоции. Не можам да зборувам многу”, изјавил сопругот на жената за локалните медиуми.
Ситоле, инаку сопственичка на продавница, пред породувањето изјавила дека лекарите првично и рекле дека носи шест, а потоа осум, а само за време на породувањето биле откриени уште две бебиња. Таа имала комплицирана бременост – страдаше од болка во нозете и чести утрински мачнини.
Не е наведено во каква здравствена состојба се бебињата.
Инаку, сегашниот светски рекорд го држи Надија Сулман, која во 2009 година роди осум деца во болница во Калифорнија – шест момчиња и две девојчиња. Оваа бременост беше резултат на вештачко оплодување, а бебињата се родија девет недели пред терминот. Сите преживеале, Надија го доби прекарот „октомама“, а неодамна нејзините деца го прославија својот 12-ти роденден.
Фото: Принтскрин/Youtube