(ВИДЕО) „Дали умираме?“: Патниците занемеле за време на летот, стјуардесите на сите им делеле бели свеќи

Туристка ги снимала стјуардесите како им делат бели свеќи на сите патници за време на летот, а потоа почнале турбуленции.
Јула Вадини, која пред неколку дена отпатувала со авион од Богота до Сан Хозе дел Гуавијара, доживеала вистински шок. Кога екипажот почнал да им дели свеќи на патниците, тие не знаеле што се случува. Освен тоа, пораките во авионот биле само на шпански, па таа ништо не разбирала. Згора на тоа, момент подоцна, авионот влегол во турбуленции.
Јула Вадини објавила видео на социјалните мрежи на кое се гледа како стјуардеса без зборови и подава бела свеќа за време на летот. И’ другите патници го добиле истото. По некое време, на звучникот на шпански се појавило соопштението на пилотот, кое жената не можела да го разбере.

„Бев многу збунета, па почнав да се молам. Дали умираме?“, напишала во снимката објавена на ТикТок


@jula.vadini Colombians, is it usual for companies to give out candles? 🕯️ I was on my way to San Jose de Guaviare ! #flight #planeincident #plane #crash #turbulence #colombia #bogota ♬ original sound – jula.vadini

Жената во почетокот се обидела со шега да ја расветли ситуацијата. Сепак, турбуленциите што следеле го зголемиле нејзиниот страв. За туристката свеќите што ги поделиле стјуардесите биле знак за кризата која доаѓа. И’ покрај проблемите, се се завршило добро. Излегува дека причината за дистрибуцијата на свеќи не е катастрофа, туку претстојните празници.
Корисниците на интернетот брзо почнале да го коментираат целиот настан: „И мене ќе ме фати паника“, „Ќе мислев дека ќе умрам“, „Тоа е подарок што никогаш нема да го заборавиш“…


Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Потпишан е Меморандум за соработка меѓу НУ Македонски Народен Театар и ИУ Еуропа Прима

На вчерашната средба меѓу директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, и Ректорот на факултетот …