Вниманието на голем број гледачи на Олимписките игри во Париз го привлече музичар кој јадеше тестенини на сцената, а видеото набрзо стана тема на коментари на социјалните мрежи.
Завршната церемонија се одржа на Стад де Франс и собра стотици музичари, акробати, танчери итн. Секако, спортистите гордо ги носеа знамињата на своите земји.
Една интересна сцена насмеа многу луѓе. Имено, среде настапот на оркестарот, еден музичар решил да одмори и да се почести со нудли.
Just a guy casually eating his noodles on stage during the Olympics closing ceremony#OlympicGames #ClosingCeremony pic.twitter.com/yzhpfqgE2N
— Fiona Small (@FionaSmall) August 11, 2024
„Најдобриот момент на вечерта“, „Барем да можам вака да се опуштам и да ми е гајле за се“, „Каков господин“, „Сакам да бидам како него“, се дел од коментарите на Х. Неговиот идентитет се уште не е познат.
На Олимписките игри во Париз се одржаа 329 спортски настани во 32 олимписки спортови. На Игрите учествуваа околу 10.500 спортисти од 204 земји.
Фото: Принтскрин/X