(ВИДЕО) „Дај ми фидбек” – новитет на бендот „Фидбек” кој е еден од ретките со квалитетна авторска музика кај нас


„Фидбек бенд” ја објавија новата песна за која снимија и спот. Момците од бендот, пред празниците решија да промовираат уште едно свое авторски дело.

„Дај ми фидбек” е комплетно на Драган Ристовски, односно негови се текстот, музиката и аранжманот, додека видеото го изработи „Вертиго Креатив”.
„Спотот се снимаше на неколку локации низ Скопје. Снимавме во градскиот парк и во неколку ресторани. Тимот со кој соработувавме, даде се од себе за да овој наш најнов проект излезе баш онака како што го планиравме, од песната, па се до самото видео. Нормално, ова е само најава за сите планови следната година на музички план, која веруваме ќе биде доста продуктивна, доколку ги реализираме сите идеи. Нека ни се среќни празниците и слушајте македонска музика“, велат момците од бендот.
Песната и спотот на „Фидбек”, кои се едни од ретките кај нас, посветени и на создавање авторска музика, ветува многу. Уживајте во неа.


LINK: https://www.youtube.com/watch?v=NKdC_J1BZ9I

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фотографијата на Меланија Трамп го обиколи светот! Првата дама ги запали мрежите, луѓето не престануваат да коментираат…

Фотографијата од Меланија Трамп од погребот на папата Франциско го обиколи светот, а многумина ја …