Поранешен американски полицаец, кој се претворил во сериски криминалец познат како „Убиец на Голден Стејт“, признал 13. убиства, како и низа силувања и упади во домови во Калифорнија во 1970-тите и 1980-тите, јавуваат американските медиуми.
Џозеф Де Ангело (74) се изјаснил за виновен според договорот со обвинителите што го штити од смртна казна, во замена за признавање на сите злосторства што ги сторил во 11. окрузи на Калифорнија.
Тој бил обвинет по 13. обвиненија за убиство и киднапирање, откако бил уапсен во 2018. година по повеќе од 40. години истрага, што конечно било завршено благодарение на примероците на ДНК.
Според договорот, ДеАнџело се соочува со доживотен затвор без можност за условно ослободување.
Обвинителите рекле дека со спогодбата имале за цел да се осигураат дека многу преживеани, како и семејства на жртвите, сведоци и истражители, ќе го видат решавањето на случајот.
ДеАнџело, облечен во портокалова затворска облека, на рочиштето безгрижно седел во инвалидска количка.
Покрај 13. убиства и киднапирања, обвинителите рекле дека Де Ангело е познато дека извршил скоро 50. силувања и повеќе од 120. кражби.
Криминалната серија, која траела од 1975. до 1986. година, ја започнал како полицаец во два града на Калифорнија. Тој бил уапсен во 2018. година.
Фото: Скриншот