Американскиот убиец, Чарлс Менсон, одговорен меѓу другото и за убиството на глумицата Шерон Тејт во 1969. година умрел во 83. година.
Менсон (83) минатата недела во придружба на полиција бил префрлен во болница во Бејкерсфилд каде му била укажана лекарска помош.
Тој во јануари бил во болница за да биде оперисан од внатрешно крварење, но било проценето дека е премногу слаб и бил вратен во затворот.
Гуруто кој станал убиец, со истетовиран кукаст крст на челото, е еден од најпознатите криминалци во САД кој во затвор минал повеќе од 40. години.
Менсон во текот на 1960. ттите години во пустињата во Калифорнија основал заедница „Семејство“. Себе се сметал за „реинкарнација на Христ“ и следбениците ги поттикнал на низа убиства со цел да предизвика војна помеѓу белците и црнците во која, според Менсон, би победиле белците.
Тој со четворица следбеници во 1971. година бил осуден на смрт поради убиство на седум луѓе, во август 1969. година, меѓу нив била и Шерон Тејт, глумица и сопруга на режисерот Роман Полански, тогаш во деветтиот месец на бременост.
Казните дополнително им биле променети во доживотен затвор. Кон крајот на 2014. година Менсон побарал да се ожени со 26. годишната Ефтон Елејн Бартон но од тоа немало ништо.Барањето за условна слобода во 2012. година му било одбиено.