(ВИДЕО) Бурек пита без кори


Вака подготвената бурек пита е многу вкусна, а што е најважно, исклучително брзо и лесно се подготвува. Одлична е за ненадејни гости, а со салата може да биде и добр предлог за брз ручек или вечера.Можете да послужите топло, но со еднаков вкус е и кога е ладно.
Потребно е:
4 јајца
250 г мелено месо
1 страк праз
1 павлака или 200 мл. јогурт
6 лажици гриз
6 лаживи брашно
1 кесичка прашок за печиво
50 мл. масло
сол, црн пипер
Подготовка: празот исечете го на кругови па пропржете на масло. Додајте го меленото месо, малку динстајте, а потоа зачинете со сол и црн пипер.Оставете на страна да се излади.Изматете ги јајцата, додајте брашно, гриз, печиво. Убаво измешајте па додајте ја смесата со мелено месо и павлака.Се’ убаво изедначете.
Тава со пречник од 24. см. намачкајте со масло, наросете со брашно, истурете ја смесата. По површината можете да ставите малку рендан кашкавал. Ставете во рерна загреана на 200 степени и оставете да се пече 35-40 минути.
Ладната бурек пита исечете ја на коцки и послужете со кисело млеко или јогурт.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А …