(ВИДЕО) Брз трик на една мајка вашиот дом да мириса како луксузна продавница

Мајка од Австралија открила едноставен трик со кој прави својот дом да мириса на луксузна продавница. Шантела Мила објавила видео на TikTok и објаснила како направила освежувач кој се состои од парчиња лимон, рузмарин и есенција од ванила.
Освежителниот мирис е изненадувачки лесен за правење и вклучува две чаши вода во кои се додаваат три состојки.
Во водата ставете еден исечкан лимон, четири гранчиња рузмарин и една лажичка есенција од ванила.
„Дозволете да зоврие и нека ви го исполни домот со мирис“, напишала Шантел додека мирисот од тенџерето се шири низ нејзиниот дом.
„Не заборавајте да додадете вода во текот на денот“, потсетила таа.

@mama_mila_


The DIY signature scent that will become your favourite 🍂 #hometips #homefragrance

♬ You Stepped Out Of A Dream – Nat King Cole


Овој трик е алтернатива за купување скапи свеќи или миризливи стапчиња.
Другите корисници на TikTok биле воодушевени од трикот, а една жена прашала како да ги искористи остатоците.
„Дестилираната вода е одличен спреј или со 50/50 бел оцет и вода можете да направите повеќенаменско средство за чистење“, рекла Шантел.
Рекла и дека мирисот трае до три полни дена, додека спрејот ќе трае неколку месеци.


Фото: Принтскрин/TikTok/mama_mila_

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од …