Момче старо скоро два месеци ги собрал симпатиите на бројни корисници на социјалните мрежи откако неговиот татко објавил видео на кое се фотографира за пасош.
Неговиот татко го држел на столот додека тој бил целосно збунет. Во еден момент кивнал. Таткото потоа покажал како испаднало момчето на фотографијата и навел: „Не баш најфотогеничното издание“.
@priscilitaruelas Not the most photogenic 😂😂 #boymom #passportphoto #newbornpassport #newbornpassportphotos #motherhood #newmom ♬ Funny – Gold-Tiger
Видеото на TikTok досега собрало речиси 40 милиони прегледи и 50.000 коментари. Под оваа објава следеле урнебесни реакции.
„Се сеќавам дека работевме заедно во 1987 година. Одличен карактер“, „Не можам да престанам да се смеам“, „Ова не е бебе туку возрасен маж“, „Не можам да верувам дека момче кое има седум недели патува повеќе од мене“, се некои од нив.
Многу корисници на споменатата социјална мрежа ја избрале оваа за своја профилна фотографија и продолжиле да се шегуваат.
Фото: Принтскрин/TikTok