(ВИДЕО) Бред Пит открил која улога му го променила животот: „Многу научив!“


Бред Пит неодамна открил дека играњето на Дон Колиер во филмот „Fury“ му го променило животот.
Некои од најдобрите работи во глумата е можноста да преземете различни улоги, но и да научите многу нови работи како свирење на инструменти, ракување со оружје и слично.
Но, Бред Пит можеби не бил свесен дека новото искуство за време на снимањето на филмот „Fury“ на Дејвид Ајер од 2014 година ќе го промени неговиот начин на размислување.


„Научив многу од овој филм. Сите си заминавме апсолутно збогатени. Оваа улога е вистинска студија за лидерство и учење да се почитува и сега сум подобар татко поради тоа”, рекол Пит.
Пит, исто така, почувствувал дека стекнал поголемо разбирање за тоа како е да се биде тенкист во Втората светска војна и се надевал дека нивната филмска интерпретација покажала вистински ветерани.


„Овој филм зборува за исцрпеноста на војниците од студ, глад и ефектот на акумулација на дневна основа. Ние со цело срце го прифативме. Се надевам дека војниците ќе се препознаат во ова”, рекол тој.
Станува збор за филм кој се одвива во Германија за време на Втората светска војна, каде што пет војници се возат во тенк „Шерман“ за да убијат германски војници. Пит ја играше улогата на наредникот Дон Колиер ака Вардади, а покрај него во улогите имаше и млада актерска екипа, која ја сочинуваа: Логан Лерман, Шија Лабеф, Мајкл Пена и Џон Бернтал.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …