(ВИДЕО) Братот на познатата актерка која почина на 32. години ги открил деталите од трагичниот настан, а потоа проговорил и вереникот…

Чарлби Дин, почина на 29 август…
Актерката која на јавноста и стана позната по улогите во филмот „Триаголник на тагата“ и серијата „Црна молња“, почина на 32-годишна возраст во Њујорк.
Иако се уште не се знае точната причина за смртта, братот на младата актерка, Алекс Џејкобс, открил некои детали кои му претходеле на трагичниот настан.
– Буквално сè се случи во ист ден: имаше главоболка, отиде да спие, го разбуди своето момче и го замоли да оди со неа во болница – изјавил Алекс за магазинот „Ролинг Стоун“ и додал дека во 2009. година Дин доживеала тешка сообраќајна несреќа во која и биле скршени рбетот и ребрата, а морало да и биде извадена слезината.
– Ја отстранија слезината, што е важно во борбата против инфекциите и тоа можеби има врска со она што се случи. Тоа што немаше слезина можеше да придонесе да не може да се избори со болеста – рекол тој и продолжил:

– Беше многу грижлива и сакана, повеќе од сите што ги познавав. Секој ден не потсетуваше колку не сака. Таа разговараше со мајка си секој ден од нејзиниот живот. Ако повикот беше прекинат, таа ќе сее јавеше само за да се поздрави. Ова е голем шок за нас – додал тој.
Како што истакнува Алекс, тој е многу загрижен и за вереникот на неговата почината сестра, кого многу го сакаат:
– Многу го сакаме. Не можам да замислам како било да се биде таму. „Најголемата грижа на мајка ми беше што таа умре сама, а тој беше со неа, колку што можеше поблиску“, рекол Џејкобс.


View this post on Instagram

A post shared by Charlbi Dean (@charlbi143)


Лук Вокер, со кого Чарлби се верила на 8. април, се огласи на Инстаграм со видео порака и открил како се чувствува:

– Здраво на сите. Сакав да ја објавам фотографијата на Чарлби, но тешко е. Сакав да ви кажам дека ги видов сите ваши пораки, сета љубов и го ценам тоа. Навистина. Едноставно не можам да одговорам на пораките во моментов, но ви благодарам, го ценам тоа. Ве сакам – додал Лук, кој не може да се помири со фактот дека неговата сакана свршеница повеќе ја нема.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Американскиот актер (66) уживал на плажа со сопругата (27) и ќерката (22)

АКТЕРОТ Долф Лундгрен е фотографиран на плажа во Сардинија во добро друштво. Имено, 66-годишниот актер …