(ВИДЕО) БОРБА ПРОТИВ ВИРУСОТ – ЧОВЕК ДА СЕ НАСМЕЕ ОД МАКА: Вака кинеската полиција ги фаќа заболените од вируст!

На интернет кружи видео кое стана хит на социјалните мрежи, а се однесува на новиот коронавирус кој се рашири низ целиот свет.
Поточно, станува збор за вежба на кинеската гранична полиција во пронаоѓање на возач кој е потенцијално заразен и не сака да оди во изолација.
На видеото се гледа како полицискиот службеник најпрво го запира автомобилот и преку скенерот забележува дека возачот има висока температура. Сепак, возачот одбива да оди со полицијата и тогаш започнува акцијата.


Отпрвин, тој се обидува да избега со автомобилот, но тие го запираат. После расправијата влетуваат специјалци со штит, а возачот излегува од автомобилот и ја симнува маската.
Во тој момент, неколку полицајци му приоѓаат одзади и му ставаат мрежа на главата за потоа да го фатат и да му стават лисици.
Но, бидејќи тие на главата му ставаат мрежа што личи на онаа за извлекување фатена риба, целата акција предизвикала и потсмев кај многумина на социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОЧИНАЛА ПОЗНАТА ТИКТОКЕРКА: Ќерката се простила од неа со емотивни зборови – „Благодарам за се…“

Нејзината ќерка Катерина ги објавила деталите за смртта во вторник, 14 јануари, со објави на …