(ВИДЕО) Баунти колач што не се пече

Состојки:
300 г мелени бисквити
200 г црно чоколадо
100 мл млеко
Фил:
500 мл млеко
80 г гриз
100 г шеќер
200 г кокосово брашно
Глазура:
100 мл слатка павлака
100 г црно чоколадо
40 г путер
Подготовка: кора: сомелете ги бисквитите, додајте го чоколадото истопено во млекото и убаво измешајте. Кората натапкајте ја во правоаголна (или округла) тава обложена со прозирна фолија. Префрлете во фрижидер да се стегне.
Фил: во загреаното млеко (дел одвојте) ставете ги убаво измешаните шеќер, гриз и кокос. Сварете густ крем и тргнете анс трана. Откако ќе се излади нанесете над изладената и „стегната“ кора. Повторно вратете во фрижиде рубаво да се излади.
Колачот извадете го од калапот, префрлете на чинија за служење и нанесете ја глазурата (загрејте ја павлаката но да не зоврие и измешајте со чоколадото и маслото – мешајте додека не добиете мазна и хомогена смеса).Украсете по желба
Префрлете во фрижидер до служење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПРОБАЈТЕ И ВИЕ – Страдате од несоница? Ова се трикови кои ќе ви помогнат побрзо да заспиете

Несоницата е проблем кој погодува многу луѓе ширум светот. Долгорочните проблеми со спиењето можат негативно …