Австралискиот модел Ел Макферсон воодушеви со својот феноменален изглед во шестата деценија.
Имено, таа на својот Инстаграм профил објави видео на кое позира облечена во бикини и краток џемпер. Нејзината одлична фигура е резултат на нејзината посветеност на редовните тренинзи. Освен тоа, медитацијата и помага да го одржи своето здравје.
„Секој ден се грижам за мојот ум, тело и дух практикувајќи вежби за дишење и медитација, што трае околу 25 минути, или слушајќи инструктор или медитирајќи во тишина“, напишала меѓу другото.
View this post on Instagram
Ел ја започна својата манекенска кариера во 1980-тите, кога позираше за Sports Illustrated. Таа се појави во филмовите „Сирени“, „Огледалото има две лица“, „Бетмен и Робин“, „Из“ и „Јужен Кенсингтон“. Таа се појави и во серијата „Пријатели“.
Таа е сопственик на линијата за долна облека Elle Macpherson Intimates и линијата на производи за нега на кожата The Body.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram