Најдобриот тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ до крајот на годината ќе брани уште четири титули, каде во центарот на вниманието ќе биде УС Опен и освојувањето на 25. Грен слем титула.
Сепак, сигурно е дека олимпискиот шампион ќе се повлече од Синсинати, кој е закажан од 11 до 19 август и ќе остане без 1.000 бодови на АТП листата.
Причината е што се очекува српскиот тенисер два дена подоцна, во вторник, на 13 август, да се појави на познатиот балкон на Стариот дворец во Белград и со својот народ и со другите олимпијци да го прослави златниот медал освоен во Париз.
Секако, АТП листата повеќе не е приоритет за Ѓоковиќ, но ова е навистина ризичен потег, бидејќи тој моментално заостанува со 330 поени од Шпанецот Карлос Алкараз.
Сепак, олимпискиот вицешампион го брани финалето, па нема да има нималку лесна задача.
Следниот турнир на Новак треба да биде УС Опен, кој започнува на 26 август, каде исто така ја брани титулата.
Фото: Принтскрин/Instagram