(ВИДЕО) Актерите од „Врба“ во „Еден на еден“: Рапување, анегдоти, балет – едно друго лице на глумата!

Хит филмот „Врба“ на Милчо Манчевски не ги полни само кино салите туку уште еднаш побуди интерес за македонските актери…
Оваа недела, во „Еден на Еден“ гостуваат четири актери од хит-филмот „Врба“ на Милчо Манчевски: Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева и Благоја Чоревски – Чоре.
Сара и Никола, освен што се партнери во филмот во средновековната приказна се и приватно добри пријатели и колеги од факултет. Тоа најдобро ќе може да се виде во специјалната рап точка која ќе а изведат на крајот на емисијата. Во Freestyle рапот, Никола и Сара на оригинален начин раскажуваат дел од приказната на „Врба“.
Наталија Теодосиева, открива дека е поранешна балерина и ќе изведе интересна балетска точка, а легендата Благоја Чоревски- Чоре раскажа многу анегдоти од богатата кариера.


Во недела, на Канал 5, од 18.30 ќе ги гледаме актерите од „Врба“ во едно сосема неочекувано издание. Во меѓувреме, погледнете ја најавата за емисијата:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѕвезда од 90-тите – Американската актерка која се прослави во „Сурови страсти“ и „Злосторнички умови“ снимена додека оди, за многумина е непрепознатлива

Американската актерка Џин Триплхорн неодамна била фотографирана за време на едно излегување во Лос Анџелес, …