ДЕТСКАТА болница во Питсбург неодамна го променила животот на едно семејство. Малото девојче Били Кејт конечно за прв пат го слушнала гласот на своите родители благодарение на новите слушни помагала. Родителите го споделиле овој драгоцен момент на TikTok.
На почетокот на видеото можеме да забележиме дека Били Кејт не е обожавателка на нејзините нови слушни помагала. Додека и ги ставаат на ушите, таа мавта со рацете во обид да ја изрази својата непријатност. Но, тогаш се случило нешто неверојатно. Откако ќе и се вклучат слушните помагала, малата Били Кејт почнува да сфаќа дека може да се слуша себеси, но и сите други околу неа.
@rabolda44 My beautiful Billie Kate hearing for the first time!!! #babyhearingaids #hearingforthefirsttime #hearingaids #childrenshospitalofpittsburgh #momsofkidswithhearingloss ♬ original sound – April Rabold
Мајката во тој момент на малото девојче и рекла: „Здраво убавице“, а девојчето ја погледнало со изненаден израз на лицето. Била и среќна и збунета кога го слушнала гласот на мајка си.
Потоа и сеобратил и татко и и’ ја прашал: „Како си?“. Били Кејт потоа го кренала погледот и му се насмевнала.
Откако ги слушнала гласовите на своите родители, девојчето било пресреќно, а моментот допре до срцата на многу корисници на TikTok.
Видеото собра повеќе од 31,6 милиони прегледи и над 5,4 милиони лајкови.
@rabolda44 Billie Kate hearing for the first time #babyhearingaids #hearingforthefirsttime #childrenshospitalofpittsburgh #momsofkidswithhearingloss ♬ original sound – April Rabold
Фото: Принтскрин/TikTok