Утревечер во големата сала на НУ Центар за култура “Бели мугри” во Кочани, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската комедија „Веселинови“ на Драмското студио “Бронзена наметка” од Штип.
Играат:
Оле Поцкова – Весела
Игор Стојанов-Баркли – Веселко
Нела Гегова – детето
Авторски проект на Т. Кацаров
Весела и Веселко не се надвор од аглите и замките што ги поставува семејниот живот. Повеќе се противречни отколку категорични. Се плашат како деца и си играат како деца. Не ретко тонат во проблеми што извираат од плитките џепови, оддалеченоста од децата, од ноктите на државните грабливци. Плачливи се и тврдокорни. Напати се мили, напати се неподносливи. И во двата случаја се интересни.