Великодушен гест – Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс донирале 1 милион долари за жртвите од ураганот во САД

Поради штетите предизвикани во САД од ураганите Хелен и Милтон, Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс донирале милион долари за помош на загрозеното американско население.
Тие ги донирале парите на Feeding America откако ураганот Милтон ја погоди областа на Флорида во средата навечер. На овој начин повторно ја покажаа својата хумана страна.
Нивниот дарежлив гест уследи по веста дека нивната пријателка, музичката ѕвезда Тејлор Свифт, донирала пет милиони долари за истата кауза.
Извршниот директор на Feeding America, Клер Бабинео-Фонтено, ја пофалил двојката за нивниот придонес во помагањето на погодените да ги обноват своите домови и семејства да се опорават финансиски“ од ураганите што ги опустошија југоисточните држави.
„Нивната долгогодишна поддршка на Feeding America во време на криза и помогна на нашата мрежа на теренот пред, за време и по катастрофите“, напишала Бабинео-Фонетно на социјалните мрежи.
Таа нагласила дека средствата ќе бидат клучни за обезбедување на основни потреби, како што се вода, готови оброци и материјали за заедниците кои се борат со огромни загуби и застрашувачката задача за закрепнување.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Телеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата …