Со голема радост Ве покануваме на манифестацијата „Велигденска традиција“, која оваа година за првпат ќе се одржи во прекрасниот амбиент на дворот од старото училиште во село Градец, денес, со почеток од 12:00 часот.
Очекувајте празнична атмосфера, забавни активности за сите генерации и пријатни изненадувања!
- Барање на скриени јајца
- Носење јајце во лажица
- Кршење јајца и
- Избор на најцврсто велигденско јајце
Со музика, велигденски подароци, награди и многу насмевки, ќе го прославиме Велигден – најголемиот христијански празник – во духот на заедништвото и традицијата.
Организатори: Општина Крива Паланка и ЛУ Градски Музеј Кр. Паланка.