ВЕЛЕШКИТЕ УЧЕНИЦИ И ДАВААТ ШАНСА НА СТРИП ИНКЛУЗИЈАТА

Стрип центарот на Македонија од Велес продолжува  со организирањето на циклус од 5 (пет) изложби,како дел од Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!” .Овој грант е дел од вториот  отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови” на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Втората  изложба се организира на 10.06.2024 со почеток во 12,00 во Општинското основно училиште „Васил Главинов ” во Велес .


На изложбата   се изложија   најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на иста тема . Воедно се доделија дипломи за награди како  и сертификати за учество на учениците , нивните ментори како и училиштата од Велес :ООУ „  Васил Главинов ” ООУ „Блаже Конески ” и ООУ„Свети Кирил и Методиј” .Традиционално, се промовира и   пригодниот  каталог каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори.

 Да потсетиме дека на наградниот конкурс  се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини од нашата држава .Воедно, дел од учесниците на овој конкурс учествуваа на неколкудневна стрип работилница во с, Нежилово, Велешко кадешто ги усовршија и доработија  своите стрип дела .


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ЧОЛА, „ТЕЖОК“ 25 МИЛИОНИ ЕВРА, ДОДАЛ МИЛИОН СО ПРОДАВАЊЕ НА ВИЛАТА: А само кога ќе слушнете колку вреди часовникот на зглобот

Здравко Чолиќ ја продал семејната куќа во Кошутњак за повеќе од еден милион евра. Легендата …