Велешките средношколци учеа за големите македонски уметници

„Музеј во училиште, училиште во музеј“ е едукативен проект на Националната галерија кој е дел од годишната програма за оваа година. Во рамките на проектот, вработени во Галеријата држеа предавање пред ученици за животот и творештвото на некој од големите претставници на македонската модерна уметност чии дела се дел од колекцијата на Националната галерија.

Пред група ученици во средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес, благодарејќи на ликовниот педагог Павлина Јовановска, ликовниот едукатор Ацо Таневски од Националната галерија зборуваше за животот и делото на Димитар Андонов-Папрадишки (1859 – 1954), првиот сликар кај нас кој започнува да се занимава со профано сликарство.


При оваа посета, Националната галерија ја искористи можноста да ја потврди својата општествена одговорност, да подари каталози и монографски изданија од сопствената издавачка дејност и да ја збогати збирката на библиотечниот фонд на средното училиште „Коле Неделковски“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Ако сум жена, не сум коњ“ – Урнебесна комедија за љубовта, очекувањата и реалноста

Урнебесната комедија за љубовта, очекувањата и реалноста „Ако сум жена, не сум коњ“ на 13 …