Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театар Комедија, ќе имате можност да ја погледнете театарската претстава „Веќе не е ни смешно“.
Пиеса што ја раскажува приказната за еден комичар кој запаѓа во депресија зашто сите почнуваат да му го јадат лебот. Комедијата на Кокаланов е инспирирана од „Човек што плаче од смеење“ на Фредерик Бегбеде и „Човекот што се смее“ на Виктор Иго. Во неа ќе препознаете и алузии на филмот „Џокер“ на Тод Филипс; на тажниот живот на големите мајстори на хуморот, како Робин Вилијамс, но, за жал, и на „кловновите“ околу нас, кои безмилосно ја освоија сцената на смеата.
Играат:
Атанас Атанасовски – КОМИЧАРОТ/ТРЕНЕРОТ ПЕПИ/ЧИЧКО ВАНЕ
Тино Костадиновски – ПОПОТ/САШЕ
Сергеј Димовски / Илија Илиоски – ПСИХИЈАТАРОТ/СРЕЧКО
Тони Денковски – АРМАНДО/СОФИЈАН/НОВИНАРОТ
Жаклина Петровска – ДЕВОЈКАТА НА КОМИЧАРОТ/РОДНЕ/ВАСЕ/ИСУС/НОВИНАРКАТА
Виктор Арсов – ЖАНКО
Автор: Сашо Кокаланов
Режија: Срѓан Јаниќијевиќ
Костимографија: Лидија Георгиева
Сценографија: Марија Ветероска
Светло: Илија Тарчуговски
Музика: Игор Василев – Новоградска
Плакат: Мартина Петровска
Фото: Кире Галевски
Билети можете да набавите на билетарницата на Театар Комедија или онлајн преку https://online.teatarkomedija.mk/