Вечерва во Драмски ќе биде изведена претставата „Парови“

Вечерва во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската претстава „Парови“.

Автор: Ана Ристоска Трпеноска
Режисер: Ивана Ангеловска
Сценограф: Костантин Трпеноски
Музички соработник: Ади Имери
Костимографи: Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев
Дизајн на постер: Дамјан Момировски
Фотограф: Стефан Стамандов


Улоги:

Трајанка Илиева Вељиќ
Игор Ангелов
Игор Стојчевски
Јасмина Василева
Димитрија Доксевски
Стефан Вујисиќ
Ивана Павлаковиќ
Лазар Христов
Ања Митиќ
Нина Елзесер


Инспициент: Гоце Бојчев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Премиера: 18.05.2024


Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?
Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет.
Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида.
Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ.
Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите, вели во освртот кон претставата авторката Ана Ристоска Трпеноска.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната актерка Соња Михајлова

Соња Михајлова е родена на 14 октомври 1958 година во Битола. Таа е истакната македонска …