Вечерва: Промоција на „Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

Вечерва во 18 часот во склоп на Саемот на книга, на штандот на Издавачки центар ТРИ ќе се одржи промоцијата на петтата книга на Коста Петров, „Што ќе кажат другите?“.

„Животот не е бесцелна битка за комплетно игнорирање на туѓите мислења, туку е процес на формирање круг составен од луѓе, верувања и мислења кои не се само важни туку се и нужни за нашиот личен успех“, што според авторот Петров емотивот за создавањето на оваа книга.


На промоција ќе биде присутен и авторот кој ќе биде достапен за посетителите за прашања во врска со новата книга, во ко јашто пишува „Барањето одобрување од другите и грижата што мислат тие за нас е нешто сосем нормално, бидејќи е дел од човековата природа. Но тоа не значи дека секој од нас, во одреден момент во животот, не се обидел да го пронајде одговорот на најтешкото животно прашање – како да не се грижам што ќе мислат другите за мене? Одговорот е во кругот!Но не секогаш кругот е совршено затворен. Понекогаш спротивните верувања го разнишуваат. Ако кругот е доволно силен, човекот во него ќе го направи имун пред тие туѓи влијанија, и само тогаш ќе може да ги надмине препреките. Само човекот што се наоѓа во вистинскиот круг, кој е опкружен со вистински луѓе – може да направи чуда.

This image has an empty alt attribute; its file name is soc-media-post-kosta-petrov.jpg


За неговата петта книга, тој вели: „Книгава е таква каква што е. Дали е поразлична од сѐ што досега сум напишал? Се разбира, бидејќи ни јас не сум тој што сум бил пред пет години, кога ја објавив мојата последна книга. Но во тоа е убавината на живеењето. Секојдневно учиме нови лекции, созреваме, се менуваме. Ова е моето животно патување. Моите стравови. Моите одлуки. Моите сомнежи. Моите падови. Моите успеси. И без разлика на тоа што некои работи беа многу болни за пишување, не би променил ништо во мојот живот. Сѐ си е во совршен ред. Така како што навистина треба да биде.“

Коста Петров е основач на Пи Ворлд, креативна агенција со канцеларии во Скопје и Монтреал, Канада и присуство во над 40 земји во светот. Тој е иавтор на стиховите за песната „Proud“ (Гордост) што ја испеа Тамара Тодевска и беше задолжен за целокупното евровизиско претставување на Македонија во2019та во Израел што ѝ донесе прво место од стручното жири на земјава. Од август 2019та до мај2021ва Петров беше и Потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Со над 50000 продадени примероци од неговите четири книги, Петров е и еден од најпродаваните автори во Македонија во последните неколку години.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Театар Комедија ќе биде изведена претставата „Жени во собрание“

Вечерва во Театар Комедија, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да ја проследите …