Вечерва пред КИЦ ќе се одржи фестивалот „Звукот на Скопје“

Носечката манифестација на Културно информативниот центар – Скопје „Звукот на Скопје“ оваа година ќе се случи повторно во формат на еднодневен скопски летен фестивал на отворено, на кој ќе настапат актуелни и свежи локални музички имиња. Програмата ќе биде збогатена со изложби и проекции на филмови, како дел од програмските активности на центарот.

„Звукот на Скопје“ значи нов, летен, open air фестивал, кој прераснa во ново скопско музичко жариште. „Звукот на Скопје“ значи и свеж здив во жешкото и долго скопско лето и обид за заситување на културните потреби на скопската сцена, со современи музички збиднувања и разновидна културна понуда. „Звукот на Скопје“ е и простор каде на голема сцена ќе може да се видат и етаблирани, но и нови групи, а значи и промовирање на нови концертни локации во градот, оживувајќи ги во културен контекст.


„Звукот на Скопје“ ќе се одржи вечерва, и тоа во Кулпарк (пред КИЦ), Салон 19:19, и галериите на КИЦ (Империјал I, Империјал II и Продажен салон).

ЗВУКОТ НА СКОПЈЕ фестивалска програма:


КОНЦЕРТИ Кулпарк (пред КИЦ), 21 часот
• ЗАРИНА ПРВАСЕВДА
• КАЛЕВАЛА

ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОВИ Салон 19:19, 20 часот
• „ Non-Aligned: Scenes from the Labudovic Reels“


ИЗЛОЖБИ Империјал I, Империјал II и Продажен салон, 20 часот
• „Портрети од темната комора“ изложба на фотографии од Зденко Петровски
• „Во разговор“ изложба на графики и слики од Петра Јовановска и Вит Павлик (Чешка)
• „Урбан пејзаж“ изложба на фотографии од Рафаел Ристовски

Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Министерството за култура и туризам.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат пејач на народна музика и автор на безвременските „Ти донесов млада невеста” и „Тинке Катинке” – Ристо Краповски

Ристо Краповски е роден на 11 февруари 1950 година во Скопје. Тој е познат македонски …