Аксиома ви ја претставува Омнибустопија 6! Годинешната програма претставува своевидна рекапитулација на активностите на Аксиома во последните 12 месеци, но и антиципација на она што ќе следува во догледна иднина. Тоа значи дека музиката, повеќе од кое било претходно издание на Омнибустопија, ќе биде во преден план. Ќе имате можност да проследите несекојдневни концерти, изложба, разговори и работилница.
Програма:
3 ноември, недела:
Котур | 20:00
- Промоција на Монографија изработена во сито печат: колажи од улични плакати, собирани во Скопје, Виена и Братислава, од ноември 2023 до февруари 2024 година (коиздание на Аксиома и Партизанска штампа).
- Разговор со Билјана Димитрова, Милош Стојановиќ, Дамјан Илиќ и Јован Гаковски од „Партизанска штампа“ со Владимир Лукаш.
- Изложба/инсталација на метаколажи.
- Концерт на Намуз: Андреј Татарчевски – електрична гитара/ефекти и Кристијан Новковски – тапани.
5 ноември, вторник:
Салон 19:19 | 20:00
- Концерт на Одрон трио: Филип Букршлиев – електрична гитара, Нинослав Спировски – тенот саксофон/кларинет и Дени Омерагиќ – контрабас.
- Концертна промоција на албумот Asphalt Calcutta: Јордан Костов – пијано, Nick DeCarlo – туба и Дарио Циевски – тапани.
6 ноември, среда:
Салон 19:19 | 20:00
- Концерт на Мартин Џорлев (Луфтанза, Стој, После!, Зулу 3.4…) – електрична гитара, пијано, вокали и електроника.
- Концертна промоција на албумот Floating Steps: Глигор Кондовски – виолина и глокеншпил, Константин Хаџи Коцев – пијано и Мартин Георгиевски – електроника.
4 до 6 ноември, понеделник до среда:
Просториите на „Партизанска штампа“ | 18:00 – 20:30
- Работилница на тема „Култура на демократија: како демократските вештини се рефлектираат врз креативниот процес на создавање уметнички дела“ (изработка на сито печат колажи). Работилницата ќе ја водат Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ од „Партизанска штампа“.