Вечер премиера на интердицсиплинарниот перформанс Два пати Мери

Вечер (05.02.2023) во Котур Кафе и Филм, ќе се одржи премиерата на перформансот Два пати Мери. Два пати Мери е интердисциплинарен перформанс кој комбинира изложба на фотографии, театарска претстава, видео и поезија. Се изведува од два тима во исто време на две различни локации, во Прага и во Скопје.

Публиката ќе може низ сите канали да го следи животот на двајца луѓе, да види како се претвораат во насилник и жртва, и која е улогата на општеството во таа трансформација. Целиот перформанс е инспириран од Македонски (и Балкански) традицонални поговорки кои ја пренесуваат “мудроста” од генерација на генерација, оставајќи траги и лузни.


Перформансот е организиран од Скоро Театар, а финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка и СМАРТ БАЛКАНС – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, и реализиран со поддршка и во соработка со Котур Кафе и Филм, каде перформансот ќе ја има својата премиера на 05.02 и реприза на 06.02. Картите се во продажба преку продажната мрежа на karti.com.mk.

Во Скопје играат Матеа Јанковска и Никола Ристески, а од Прага преку видео Виктор Бужаров и Иф Атанасова. Текстот на перформансот е на Натали Спасова а пооезијата на Иф Атанасова. Во перформансот исто така е поставена и фото изложбата на Филип Куновски а музиката е на Александар Бошков.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Василиса

Светата маченичка Василиса Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите …