Вечер на француски филм

Дали ви се допаѓаaт француската култура и кино? Дали учите француски? Или можеби би сакале да студирате во Франција? Ако одговорот е „да“ за некое од овие прашања Волонтерски центар Скопје заедно со Францускиот институт во Скопје, денес во периодот од 13:00 до 17:00 часот ве очекуваме во „Рагуза 360°“ на вечер на француски филм.

Програма:


13.00 Пристигнување и регистрација
13.30 Презентација на програмата „Еразмус+“ од страна на Волонтерски Центар Скопје
14.00 Презентација на „Campus France“ (Центарот на француски студии во Македонија) од страна на Францускиот институт
14.30 Француски филм со македонски превод
16.30 Вмрежување и освежување
17.00 Крај на настанот

Ве очекуваме!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СОБРАЛА КОМПЛИМЕНТИ – Шерон Стоун во долна облека ја пресоздала легендарната сцена од „Сурови страсти“

Шерон Стоун ја пресоздала својата легендарна сцена од филмот „Сурови страсти“ облечена во долна облека …