Утревечер во рамките на програмата на Скопско лето 2024 ќе биде изведена претставата „Кенди“


Во петок на 5 јули 2024 година, во рамки на годинешното јубилејно издание на манифестацијата „Скопско Лето 2024“, во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе може да ја погледнете театарската претстава „Кенди“.

Според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Адаптација и режија: Тамара Стојаноска
Музика: Лука Тошев / вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајн на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Фотографија: Стефан Самандов МОТ 2023
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје
Премиера: 23.10.2022, Младински културен центар (МКЦ) Скопје
Проектот е во соработка со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје


Награди: Награда за најдобра партнерска игра „Бранко Ѓорчев“ на Интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“ во Неготино 2023,  Награда за најдобра претстава во селекција на домашна продукција „БИШ“ на МОТ 2023.

Улоги: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски


„Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност според романот на Лук Дејвис (Candy: A Novel of Love and Addiction), авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубовна врска постепено се изобличува, станува механичко тргање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот и траумите. Приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги и останатите маргинализирани заедници. Најзначаен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ова е најсочен чоколаден колач што некогаш ќе го пробате: Воздушест е и мек, а лесена е и за правење

Слаткоста на овој десерт совршено се вклопува со омилениот пијалок на многумина – кафето. Состојки: …