Утре по прв пат ќе се одржи фестивалот на класична и нова музика „Фестивал во 19:19“ во КИЦ

Фестивал во 19:19 е нов проект на културно информативниот центар Скопје, чија тенденција е да прерасне во традиција. Фестивал во 19:19 е фестивал на класична и нова музика, практично сѐ она што стилски опфаќа музичкиот сектор на центарот. Фестивал во 19:19, логично, се одржува во Салон 19:19 и секако започнува во 19:19 часот.

19:19 како име и идентитет на на салонот, ќе го користиме како симбол на постоењето на овој фестивал чиј формат, се надеваме, ќе се развива низ годините. Започна случајно, а како прва година ќе биде загревање и обликување на фестивалот, или процес на проценка, во што би требало да прерасне во следните години.


Во нултата година на реализација, започнуваме со следната фантастична програма:

12 декември 2023


ДУО „ГЕЛЕБЕШЕВИ“
ДУО „ВЕЈСЕЛИ/БАФТИЈАРИ“
AMPLIDYNE EFFECT & AXIOTOMIC

13 декември 2023


ЕЛЕГИЧНИ ПЕСНИ И МЕЛОДИИ СО ТРИО ИМЕРИ/AРИФОВСКА/КАЦАРСКИ
КАЛАТА
IMPROOF

Влезот е слободен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

3 едноставни чекори за природно намалување на холестеролот: Ова е најдобриот начин за чистење на крвните садови

Кога холестеролот е покачен, лекарите обично ви кажуваат да ја промените исхраната. Еве која храна …