Урнебесната македонско-српска комедија „Обвинителка“ гостува во МНТ

Вечерва, со почеток во 21:00 часот, во Македонскиот народен театар, гостува театарската хит комедија „Обвинителка“.

Играат:
– Лидија Вукиќевиќ – Р.Србија
– Магдалена Ризова – Черних
– Сашо Ристовски
– Бранко Атанасов


Автор: Огнен Неделковски
Сценограф: Крсто Богојевски
Костими: Елена Лука
Музика: Мишел Трајковски

Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време.Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот.


Побрзајте за билети за оваа комедија која е хит во регионот и пошироко, а во неа покрај нашите познати актери игра и легендарната актерка од Србија, Лидија Вукиќевиќ позната од сериите : ,,Бољи живот”, ,,Жикина династија” и многу култни филмови.

Билетите можете да ги набавите на билетарата на МНТ и на следниот линк:
https://mnt.mk/online/index.php?id=591…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со низа активности НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе го одбележи значајниот јубилеј – 80 години од основањето

Во чест на значајниот јубилеј – 80 години од основањето, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – …