Исхраната игра клучна улога во одржувањето на здравјето на срцето. Затоа, важно е да изберете зеленчук богат со хранливи материи кои придонесуваат за здравјето на срцето и го намалуваат воспалението. Здравата исхрана може да го регулира нивото на холестерол и да го намали ризикот од мозочен удар. Еминентниот доктор, др. Рупи Аујла, тврди дека одредена храна дури може да помогне да се спречи создавање на наслаги во крвните садови, а со тоа да се намали ризикот од кардиоваскуларни болести.
„Добрата вест е дека исхраната може да ги спречи или одложи срцевите заболувања со намалување на воспалението и нивото на холестерол“, истакнал тој во неодамнешната објава на Инстаграм. Тој издвоил пет видови зеленчук кои можеме да ги вклучиме во исхраната за да го подобриме здравјето на срцето.
View this post on Instagram
1. Кисела зелка
„Мета-анализата на клиничките студии покажа дека суплементацијата со пробиотици значително го намалува вкупниот холестерол и нивото на ЛДЛ-холестерол кај пациенти со висок холестерол“, вели докторот.
2. Кромид
Д-р. Аујла вели дека поголем внес на зеленчук од родот кромид, вклучувајќи го и кромидот, е поврзан со помала смртност од атеросклеротична васкуларна болест (АСВД).
3. Жолт, портокалов и црвен зеленчук
„Неколку студии објавија поврзаност помеѓу внесот на жолто-портокалово-црвен зеленчук и кардиоваскуларни болести (КВБ), коронарна срцева болест (КСБ) и срцеви заболувања воопшто“, тврди докторот. Затоа, консумирањето на овие зеленчуци може да придонесе за оптимално здравје на срцето.
4. Брокула
Д-р. Аујла истакнува: „Студија на 684 постари жени покажа дека оние со поголем внес на зеленчук од семејството на „крсташи“ имаат 46 отсто помали шанси за екстензивна калцификација на абдоминалната аорта – знак за наталожување наслаги што доведува до кардиоваскуларни болести – во споредба со оние со помал внес, по прилагодување на животниот стил, исхраната и факторите на ризик за кардиоваскуларни болести“.
5. Спанаќ
Поголемиот внес на калиум е поврзан со намален ризик од мозочен удар и други кардиоваскуларни заболувања. „Една мета-анализа на девет кохортни студии покажа значително 24 отсто помал ризик од мозочен удар кај луѓето со поголем внес на калиум“, заклучил докторот.
Фото: Архива