Овој случај предизвикал шок и бес во Колумбија.
Моделот и инфлуенсер Марија Хозе Еступињан (22), студентка на универзитет во североисточниот колумбиски град Кукута, во близина на границата со Венецуела, била убиена на 15 мај, според Магда Викторија Акоста, претседателка на Националната комисија за родова еднаквост на колумбиското судство.
Случајот предизвикал шок и бес во Колумбија, само неколку дена откако мексиканската инфлуенсерка била убиена. Овие трагични настани уште еднаш го привлекоа вниманието кон високите стапки на фемициди во Латинска Америка.
На прес-конференцијата, Акоста изјавила дека осомничениот, маскиран доставувач, ја застрелал Марија кога таа му ја отворила вратата од својот дом.
„Таа беше млада, претприемничка жена со целиот живот пред себе, но тие соништа беа прекинати, како и соништата на многу жени во оваа земја“, рекла Акоста.
Таа додала дека инфлуенсерката претходно била жртва на семејно насилство и била на работ да добие надомест. Комисијата остро го осудила злосторството и ветила дека ќе се бори за правда.
Властите го истражуваат убиството, а Си-Ен-Ен контактирал со националната полиција и обвинителите на Колумбија за дополнителни информации.
На нејзината Фејсбук страница биле објавени фотографии од нејзините патувања и секојдневниот живот, вклучувајќи ги посетите на Њујорк и Калифорнија, како и слики од базенот и теретаната.
Фото: Принтскрин/Facebook – Maria Jose Estupiñan