Туба рецитал на Мицко Дамњановски вечерва во КИЦ


Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе имате можност да го проследите рециталот на Мицко Дамњановски на туба.

Овој туба рецитал, претставува еден многу значаен момент во моето музичко постоење, а Вашето присуство ќе придонесе оваа вечер да биде уште повеќе посебна и исполнета со убава енергија.


Сцената ќе ја делам со извонредни музичари и драги луѓе. Пред се со мојата почитувана колешка, пријателка и професорка Маријана Николовска – мој пијано соработник, како и моите ценети колеги од Македонскиот Брас Квинтет. За крај, ве очекува и едно мало изненадување, со кое се надевам дека ќе ја заокружиме вечерта на незаборавен начин, се вели во објавата од Мицко Дамњановски.

Влезот е слободен.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …