ЦУК: Пронајдени се и двете лица кои беа исчезнати на падините на Титов Врв на Шар планина


Пронајдени се двете лица кои беа исчезнати на падините на Шарпланина во реонот кај Титив Врв. Едното лице (јавувачот на настанот) е пронајдено некаде по 20 часот и истото од кај страната на Титов Врв (околу 03 ч) е пренесено кон Попова Шапка, а потоа и во болница. Заедно со него во болница е пренесен и Началникот на СВР Тетово кој се здобил со телесни повреди. Со цел за пронаоѓање на другото лице, екипа од припадници на специјалната единица на МВР беше упатена кон местото на настанот од другата страна односно преку Лешница и по неколку часови успеале да го лоцираат и пронајдат и второто лице кое паднало од карпа.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Енергија директно од природата: Nutrino Lab Energy Boost – нова природна линија на производи од Baby Food Factory

  Заборавете на сите брзи решенија за енергија, бидејќи вистинската, трајна енергија доаѓа од природата. …