Моменрално најдобриот приватен театар од Македонија, Театар Хит, со нивната хит претстава за деца ,,Црвенкапа” наиде на одличен прием кај нашите иселеници во Словенија. Дечињата кои беа во огромен број на јубилејнара 50-та изведба на претставата, уживаа во прекрасната актерска игра на Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски,Бранко Атанасов и Ема Давчева.
Во преполна сала, во преубава атмосвера Театар Хит достоинствено и преку јазикот н театарот достоинствено ја претставија Македонија во дијаспората, поточно во Копер- Словенија.
Оваа екипа со своите високо квалитети покажува и докажува дека независната продукција е вистински амбасадор на културата за деца во дијаспората.
Копер е само првата дестинација на турнејата на Театар Хит која ќе трае цела година.
Оваа прва изведба во Копер – Словенија е целосно подржана и е по покана на сопственикот на Фаланга Доо Копер, кој е пример за грижа за децата и нивната среќа во Копер Словенија.
Театар Хит покажа и докажа со оваа поставка колку се важни нашите деца во дијаспората и колку е важно детските претстави да се играат надвор од границите на Македонија.За нивната хит претстава постои голем интерес во дијаспората, а следуваат веќе изведби веднаш во 2025 година.