Изложбата ,,Цртај на мaкедонски јазик” e проект на ДЛУМ во кој учествуваат 10 млади автори кои активно се бават и истражуваат во различни медиуми на творење во визуелната уметност. Темата на оваа изложба е преку ликовните дела на младите уметници членови на ДЛУМ да се поттикне правилната употреба на македонскиот јазик во пишаната комуникација и да се стекне јазична писменост – граматички точно пишување интегрирано со развивање на ликовни уметнички искуства.
Со ликовната уметност како основен медиум преку кој се реализира овој проект ја насочуваме целта кон активирање на креативниот потенцијал на младите уметници во имагинативен пристап кон актуелната ситуација на многуте јазични, правописни и синтаксички грешки кои се јавуваат во тек на секојдневната комуникација на социјалните медиуми.
Авторите Марта Патлиџановска, Лусиана Ампева, Дорина Тенева, Ана Спасова, Ивана Самандова, Кристијан Јованоски, Озбек Ајваз, Драганчо Таневски, Славица Таневска и Дејвид Стоилковски ќе се претстават со нивните дела во просториите на Арт Хаб во ГТЦ ( Гратскиот трговски центар), во петок (22.09) со отварање на изложбата од 20 часот.
Проектот е поддржан од Министерство за култура