Центарот за младински активизам „Крик“ со кампања ДОНИРАЈ за да оствариме летување за лица со попреченост

ЦМА Крик традиционално организира „Летни младински инклузивни кампови“ за млади со и без попреченост. Лани започнавме иницијатива „Одмори се“ за повозрасни корисници. Оваа година, со Извидници, ги здружуваме силите за да обезбедиме ОДМОР ЗА СИТЕ!

Сеуште има време да направите донација преку која на лицата со попреченост ќе им се овозможи ова лето да побегнат од горештините и да се разладат во Охридското езеро.


Деновите стануваат се пожешки и затоа повеќе од било кога, ни е потребно заеднички да ги здружиме силите и да ги изразуваме нашите другари кои не се во можност да си дозволат летување!

Посети го линкот и дознај повеќе за нашата иницијатива со Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia и како може да помогнеш!


Затоа што секој заслужува одмор, се вели во објавата од ЦМА Крик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Лажеш Мелита“ – Театарска претстава за деца

Денес, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе …