*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Кај овие знаци емотивниот живот ќе доживее криза
Остануваат уште неколку дена до крајот на март. Овој период за некои знаци ќе биде особено тежок на емотивен план. Не е исклучено да се разведат.
Јарец
Јарците можат да бидат први „на удар“, поради положбата на Марс, кој од 25 март преминува во знакот на Рак, односно поминува низ нивната седма куќа, полето на брачните и партнерските односи.
Марс во Рак е многу непријатна положба, бидејќи Марс овде не се чувствува стабилно и емотивно предизвикува големи конфликти, особено кога се во прашање машко-женските односи.
Јарците треба да водат сметка каков разговор ќе водат со својата „подобра“ половина. Енергијата на Марс може да биде многу агресивна кога станува збор за стилот на разговор, што може да предизвика многу сериозни последици за емотивните односи.