Три работи поради кои мажите лудо се вљубуваат во жените

Иако физичкиот изглед, секако, игра улога во придобивањето на машкото внимание, тоа не е најбитно.
Како што пишува Your Tango, овие три работи ќе го наведат секој маж лудечки да се вљуби во вас.

Страственост
Притоа не мислиме на онаа под чаршавите. Жените кои ја пронашле својата цел и нешто околу што се страствени инстантно го привлекува машкиот пол. Тоа може да биде работа, хоби или било што друго што ве прави среќни, така што едноставно зрачите кога зборувате за тоа. Изразете ја својата единственост и немојте да се трудите да покажувате колку сте му слични туку колку сте си верни на себе.


Автентичност
Многу жени при влегувањето во љубовна врска ги жртвуваат своите погледи, ставови и соништа за да се ускладат со својот партнер. Сепак, тоа не е нешто со што ќе го задржите својот партнер ниту начин на кој ќе бидете среќни во животот. Цврстите одлуки, ставови и верувања се она што ве прави единствени, посебни и појаки и поради тоа не би требало од ништо да се откажувате.

Женственост
Денешниот начин на живот често ни укажува на алармантната важност на самосталноста, напорната работа и корисноста. Важноста на овие три ставки е неспорна, меѓутоа, кога ќе почнете во се да преземате иницијатива, донесувате одлуки без согласност на својот партнер и не му дозволувате тој да биде тој кој барем малку ќе ве размази – доаѓате до проблем. Дозволете му да ви ја отвори вратата и помогне да го облечете капутот, покажете ја својата нежна страна и бидете сведок не неговото воодушевување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Лажеш Мелита“ – Театарска претстава за деца

Денес, во Театарот за деца и младинци во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе …