Жирито во состав, претседател, Александар Ивановски и членови: Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски, ги донесе следниве одлуки за награди на Фестивалот:
- Најдобра главна машка улога, Фаик Мефаиловски „Вечера за глупаци“ Театар Велес;
- Најдобра споредна машка улога, Марко Трајковиќ „Како што сакате“ Театар Куманово;
- Најдобра главна женска улога, Марија Минчева Андонов „Женидба“ Театар Штип;
- Најдобра споредна женска улога, Марија Новак „Секс, лаги и љубомора“ Театар Охрид;
- Најдобра режија, Куштрим Бектеши „Итроштините на Патук“ Театар Тетово;
- Најдобра претстава, „Пар – распар“ Театар комедија, Скопје;
- Најдобра сценографија, Марија Ветерова „Како што сакате“ Театар Куманово;
- Најдобра костимографија, Лидија Георгиева „Како што сакате“ Театар Куманово.
Честитки за наградените!